Францускиот интернационалец Пол Погба ќе биде следниот капитен на Манчестер Јунајтед, одлучил менаџерот Оле Гунар Солскјер во соработка со фудбалерите. Тој ќе го наследи Антонио Валенсија, кој по десет години поминати од „Олд Трафорд“ ќе си замине по завршувањето на сезоната.
Погба има завиден стаж на Театарот на соништата и како младинец, по што замина во Јувентус, а оттаму повторно се врати како голема ѕвезда. Имаше несогласувања со Жозе Мурињо, но по заминувањето на португалскиот стратег блеска во полн сјај и игра одлична сезона. Токму Мурињо му ја одзеде провилегијата да биде еден од замениците на Антонио Валенсија, но Солскјер верува во Французинот и ќе именува за нов капитен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА