Поранешниот француски репрезентативец Пол Погба му се враќа на фудбалот по допинг скандалот со кој се соочи и во новата сезона ќе биде дел од Монако со кого ќе потпише двогодишен договор. Преговорите се во завршна фаза па наскоро се очекува и официјализирање на соработката.
Погба беше мета и на клубови од Саудиска Арабија, но ги одби богатите понуди со цел за прв пат во професионалната кариера да настапи во татковината. Претходно играчот од средниот ред во два наврати настапуваше за Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Погба кој еднаш важеше за еден од најдобрите фудбалери на својата позиција во февруари 2024 година беше суспениран поради допинг на четири години, но Судот за спортска арбитража ја ублажи неговата казна на само 18 месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

