Двократниот шампион Франческо Бањаја ќе тргне од првата позиција на спринт и на главната трка за големата награда на Шпанија, која поради поплавите во Валенсија наместо во овој град се вози во Барселона.
Бањаја до пол-позицијата стигна со време од 1:38.641 минута. Од првиот стартен ред заедно со него ќе тргнат Алеиш Еспаргаро на Априлија, и Марк Маркез на Грисини. Лидерот во генералниот пласман Хорхе Мартин го освои четвртото место.
Мартин уште денеска може да ја освои титулата, бидејќи во моментов има 24 поени предност пред Бањаја и доколку успее да заврши пред него на спринт трката која е закажана за 15 часот тој ќе биде нов шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА