Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Белгија, во Формула 1, но Шарл Леклер во Ферари ќе стартува од првото место.
Холанѓанецот на патеката „Спа Франкоршам“ го освои деветтиот пол сезонава и 41. во кариерата, но поради промената на погонската единица ќе биде преместен на 11. позиција на стартот од неделната трка.
Најблиску до трикратниот светски шампион беше Леклер со шест десетинки заостанување, па ќе ја наследи првата стартна позиција, пред вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез и Луис Хамилтон во Мерцедес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА