Пол-позиција за Норис на Големата награда на Холандија

Ландо Норис ќе ја започне Големата награда на Холандија од првата позиција откако возачот на Мекларен извозе најбрз круг од 1:09:673 на денешните квалификации.

Неговото време беше за 356 стотинки побрзо од второпласираниот Макс Ферстапен. Од третата позиција ќе започне Пијастри, а зад него: Расел, Перез, Леклер, Алонсон, Албон, Строл, Гасли…

Големо разочарување по одмор во најбрзиот шампионат на светот приреди Луис Хамитон кој не влезе во последните квалификации и ќе ја започне трката од 12. позиција.

Се вчитува...