Македонскиот претставник на Отворениот шампионат на Србија во автомобилизам, Ристо Вуков го освои првото стартно место во денешните квалификации пред утрешната втора трка сезонава која се вози во Бања Лука. Вуков, како што е познато, победи на првата трка од овој шампионат која се возеше во Нови Сад.
„Одличната форма од квалификациите, мора да ја пренесеме и на утрешната трка. Подготвени сме за секаков предизвик, одиме на победа и на овој настап. Мојата механичарска екипа, одлично го подготви возилото. Конкуренцијата е голема, но се надевам на успешна трка и најмалку подиум, зошто да не и првото место. Целта сезонава ни е да победуваме секаде каде што ќе настапиме“ – изјави Ристо Вуков, по завршувањето на втората квалификациска сесија.
На првите три трки во македонското и во српското првенство, сите победи му припаднаа на Рико, кој што е најсериозниот кандидат за титулите во двете конкуренции.
По Кичево 1 и 2, односно Мишелук крај Нови Сад, следниот предизвик ќе биде победата на патеката Залужани во Република Српска, БиХ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА