Пол-позицијата на ГН на Бахраин за Оскар Пјастри

Оскар Пјастри ќе ја започне Големата награда на Бахраин од пол-позицијата откако во квалификациите извозе најдобро време од 1:29:841, гарантирајќи му старт од првото место по втор пат во сезоната.

Од втората позиција ќе започне Расел, а по Британецот следат: Леклер, Антонели, Гасли, Норис, Ферстапен, Саинц, Хамилтон и Цунода.

Возачите на Ред Бул одново разочараа во квалификациите бидејќи не беа конкуренти за најбрз круг освојувајќи го седмото и десеттото место.

Се вчитува...