Британскиот возач во болидот на Мерцедес, Луис Хамилтон стигна до пол позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Белгија.
Иако на слободните тренинзи главно доминираше возачот на Ферари, Кими Раиконен, денеска Финецот потфрли, а Хамилтон беше одличен не оставајќи им на конкурентите многу простор за надеж.
Хамилтон, на крајот, славеше со време од 1:42.553, пред Себастијан Фетел додека трет заврши Бота. Четвртата позиција му припадна на Кими Раиконен. Тој кон средината на последниот круг се откажа од брзиот круг, веројатно поради проблеми со болидот.
За Хамилтон ова е 68 пол позиција во кариерата, со што го израмни рекордот на легендарниот Мајкл Шумахер. Да потсетиме, лидер во шампионатот е Себастијан Фетел со 202 бода, додека зад него е Хамилтон со 188 бода.
Утрешната трка во Белгија почнува од 14 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА