Пол прв во 1/4 финале на Ролан Гарос

Американскиот тенисер Томи Пол е првиот четвртфиналист на Ролан Гарос откако го победи Австралиецот Алексеј Попирин со 3:0 (6:3, 6:3, 6:3) за еден час и 52 минути.

Мечот започна со брејк на Попирин, но Пол го сврти сетот со два брејка, и никогаш повеќе не го загуби сервисот до крајот на мечот, па рутински го постигна најголемиот успех на Ролан Гарос.

Полуривал во четвртфиналето ќе биде победникот од натпреварот Карлос Алкараз – Бен Шелтон.

Се вчитува...