Пола Европа во „лов“ на јапонскиот Меси, чудото од дете – Кубо (ВИДЕО)

Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Баерн Минхен, Интер и бројни други европски клубови најавија за ова лето сериозни реконструкции на составите. Реал за засилувања подготви половина милијарда евра, Баерн ќе потроши околу 100 милиони евра…, но следат и најавите за „лов“ на млади таленти.

Еден од нив е и Такефуша Кубо, 17-годишното чудо од дете од Токио, кој со 15 години беше најмлад дебитант во историјата на јапонската лига во која присилно мораше да се врати кога имаше 13 години. Неизмерниот талент на Кубо уште во редовите на Кавасака го препозна Барселона на негови 10 години и веднаш го доведе во Шпанија. Такефуша беше вистинско откритие дури и во повозрасните категории во Барселона, но ФИФА го поништи неговиот трансфер во каталонскиот тим и буквално го депортираше назад во Јапонија.

Иако противправно го доведе на 10 години, Барселона имаше право на прва можност за негово купување кога Јапонецот еден ден би се вратил во Европа. Но, ФИФА ја поништи и таа клаузула. па Кубо ова лето може слободно да бира клуб. А, заинтересирани за него се Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер сити и уште неколку големи европски клубови.

Кубо последниве две сезони повремено играше за првите екипи на Токио и Јокохама Маринос, каде беше на позајмица. Но, оваа сезона е веќе стандарден член на првиот тим запишувајќи и еден гол и една асистенција во првите шест кола од сезоната.

„Неверојатно е колку напредуваше за само шест месеци. Преку ноќ од момче прерасна во маж. Стана многу поцврст во дуелите и лесно ја поправи и играта према назад. Подготвен е да игра во Европа и сигурен сум дека ќе биде голем фудбалер“ – вели тренерот на Токио, Кента Хасагава.

Младиот Јапонец е класично десно крило, висок 173 сантиметри, и иако е депласирано потполно да се споредува со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, со стилот на игра, чекорот и техниката дефинититно потсетува на Лионел Меси.

Се вчитува...