Францускиот голгетер Рендал Коло Муани нема да остане во Јувентус откако италијанскиот клуб и ПСЖ не успеаја да се договорат за постојан трансфер по полусезонската позајмица на која фудбалерот блесна со девет голови на 22 одиграни натпревари.
И покрај тоа што беа издвоени неверојатни 95 милиони евра за негов ангажман во 2023 година неговите вештини не се соодветнуваат со замислите на Луис Енрике па е прекуброен во главниот град на Франција.
Преговорите со Јувентус пропаднаа, но и покрај тоа голема е веројатноста дека ова лето ќе ги промени клупските бои. За негов ангажман заинтересирани се едни од најголемите европски гиганти како Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Њукасл Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

