Пола милион евра за фудбалерите на Косово, и тоа пред „финалето на сите финалиња“

Косово вечерва го игра најзначајниот фудбалски меч во историјата на оваа земја, дуелот на домашен терен со Турција на кој победникот добива „џек-пот“ – билет за учество на СП 2026.

Косовската Влада реши богато да ги награди репрезентативците за самиот пласман во ова финале од баражот, издвојувајќи 500.000 евра како премија за триумфот во полуфиналето над Словачка (3-4).

Самиот пласман во ова финале е огромен успех и наградата од половина милион евра е награда за тоа, а Премиер Албин Курти воедно и најави дека фудбалерите ќе поделат дополнителни еден милион евра доколку успеат да триумфираат на вечерашниот меч со Турција.

Натпреварот ќе се игра утревечер со почеток во 20:45 часот на стадионот „Фадиљ Вокри“, чиј капацитет од 14.000 седишта беше експресно распродаден.

Се вчитува...