Естонија и Македонија играат израмнети 41-41 по првото полувреме на мечот во Талин, на кое точка стави Александар Костоски со тројка од половина терен.
Естонците беа во налет и со серија од 8-0 поведоа со 41-38, но нашиот плејмејкер покажа карактер и постигна важни поени во клучните моменти, не дозволувајќи им на домаќините со предност да заминат на одмор.
Половина терен – тоа не е проблем кога Костоски ќе ја „намести“ својата рака да бие од далечина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА