Политика во спортот: Шевченко доби отказ затоа што зборувал руски, а не украински…

Андриј Шевченко викендов објави дека ја напушта функцијата селектор на Украина, заблагодарувајќи им се на сите оние кои му даваа поддршка во изминатите пет години како предводник на националниот тим.

Разделбата се чинеше максимално коректна, но украинскиот новинар Артем Франков обелоденува дека причината за заминување на Шева не е од спортски, туку од политички аспект.

„Шевченко беше под голем притисок од првиот човек на федерацијата, Андреј Павелка, кој со сите сили се обидува да се врати на политичката сцена во Украина, и тоа со национализам и патриотизам како главен дел од програмат. Андриј често говореше на руски јазик и тоа не им се допадна на некои луѓе. И јас сум украински патриот, го знам украинскиот јазик, но зборувам руски бидејќи сум израснат говорејќи го овој јазик. Сепак, тоа беше доволно за да се направи проблем, сојузот потоа создаде хаос меѓу фудбалерите. Кога политичарите ќе се вмешаат во спортот, ситуацијата ссекогаш е тешка. А светски човек како Андриј Шевченко не е навикнат на такви работи“, тврди Франков.

Се вчитува...