Дамнешни се тврдењата дека политиката е „најголемета ку.ва“. Токму политиката успеа да го раздели најубоитиот напаѓачки двоец во историјата, и едно огромно пријателство кое траеше долги години.
Бразилските легенди 57-годишниот Ромарио и 59-годишниот Бебето со кои Бразил го освои светското првенство 1994 година во САД, влегоа во јавен клинч, растурајќи го своет пријателство, само поради политика.
„Бебето е предавник. Ме предаде во политиката. Скокна од гранка, предавничка. Има работи во животот кои ги носам засекогаш, знам да ги издвојам работите внатре и надвор од политиката. Го гледам тоа секој ден, но кога ќе доживеете предавство од некој со кој сте живееле во ист стан и сте имале одлично пријателство, тоа е тажно. За жал, така е“ – истакна Ромарио.
Бебето веднаш му одговори на тоа, нарекувајќи го „стар“ и „себичен“.
„Кој е тој да ме нарекува предавник? Тој е еден обичен старец кој се повеќе почнува да зборува тешки глупости. Имам долга кариера, како во фудбалот, така и во политиката, никогаш и во двете нешта не сум бил вклучен во контроверзи. А, за него не можам да го кажам истото. Секогаш бил и е себичен, секогаш мислел само на себе и на никој друг“ – вели Бебето, поранешниот ас на Севилја и Депортиво Ла Коруња, кој Ромарио го обвини и дека само ги менува политичките партии, како вее ветрот.
Ромарио, кој е повторно избран за сенатор, го поддржува поранешниот бразилски претседател, Болсонаро. Од друга страна, Бебето, кој не успеа да стане повторно пратеник, откако претходно беше во три мандати, го поддржува актуелниот претседател на Бразил, Луис Да Силва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА