Полиција, еден чадор ако може (видео)

Фрлањето тврди предмети на терен додека противнички фудбалер изведува корнер е вообичаена пракса во Јужан Америка, но Чилеанците најдоа оригинален начин да ги заштитат играчите во вакви ситуации – со чадори за сонце.

Ако не е доволен еден, два ќе завршат работа, а ќе ги држат луѓето од обезбедувањето, или полицијата, сеедно. Видеото е од мечот Универзитад Католика – Кокимбо, уште еден доказ како навивачите не бираат средства да извршат притисок врз противниците.

Се вчитува...