Полицијата е виновна за срамните инциденти на Супер Класико?! (ВИДЕО)

„Срам за Аргентина“, е насловот во водечкиот аргентински спортски медиум „Оле“, по големите инциденти и неодиграниот реванш финален меч од Копа Либертадорес меѓу големите ривали, Ривер Плата и Бока јуниорс. По нападот на автобусот со гостинските фудбалери се водеше вистинска војна на улиците меѓу фановите на Ривер и полицијата.

Повеќе од 50 повредени навивачи и полицајци е епилогот на жестоките пресметки, а се уште во шок се и фудбалерите на Бока јуниорс кои не беа во состојба да го одиграат натпреварот. Најдебелиот крај го извлече Пабло Перез, кој се задоби со расекотина на окото.

Допрва ќе се анализираат причините за големите инциденти, но веќе се појавија обвинувања за комплетно фијаско на работата на полицијата. Воопшто не беше обезбедена маршрутата на движење на автобусот на Бока јуниорс, а на фановите им беше дозволено да се организираат во поголеми групи. Покрај тоа се појавија и видео-материјали каде полицијата употребува сила и пред да се случат првите инциденти, дополнително потпалувајќи ја атмосферата.

Се вчитува...