Полицијата ги „тресе“ канцелариите на Француската лига

Во Франција во тек се претреси во канцеларијата на Француската професионална лига (ЛФП) и во куќата на претседателот во случајот за корупција.

Француското финансиско обвинителство го направи ова како дел од истрагата за жалба за договор склучен со инвестицискиот фонд Си-Ви-Си.

Претресите се вршат во седиштето на Француската професионална фудбалска лига (ЛФП), која управува со Лига 1 и Лига 2, во домот на првиот човек на ЛФП, Винсент Лабрун и во канцелариите на Си-Ви-Си.

Претходно, фондот стекна 13% од капиталот на Лига 1 за 1,5 милијарди евра. Истрагата беше покрената на 16 јули 2024 година, под обвинение за злоупотреба на јавни средства, активна и пасивна корупција на јавен службеник и незаконско примање бенефиции.

Се вчитува...