Фудбалерот од Еквадор, Педро Перлаза (33), кој минатиот викенд беше киднапиран со пријател, беше ослободен во акција на еквадорската полиција. Бранителот на делфините бил киднапиран откако отишол на забава во северозападниот крајбрежен град Есмералдас. Полицијата успеала да ја лоцира куќата во која биле чувани жртвите и да ги ослободи.
„По собрани информации од страна на Единицата за борба против киднапирање и изнуда (УНАСЕ), успеавме да ја лоцираме куќата во руралното подрачје каде што се чуваат жртвите“, соопштија од полицијата.
„По конфликтот во кој имаше и размена на оган, ослободивме две жртви на киднапирање и обид за изнуда“, се додава.
Перлаза забележа три настапи за еквадорската репрезентација, а во текот на кариерата играше за еквадорските клубови Рокафуерте, ЦД Америка, ЦС Патриа, Петролеро, Кеведо, Макара, Портовиехо, Колон, ЛДУ Кито, Индепендиенте, Аукас и Барселон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

