Полицијата по несреќата на Тајгер Вудс: Чудо е како останал жив

Тајгер Вудс е при свест опоравувајќи се по операцијата по тешката сообраќајна несреќа која ја доживеа вчера во близина на Лос Анѓелес.

Најдобриот голфер на сите времиња излета со својот СУВ-автомобил на регионален пат, по што пожарникари го вадеа од уништеното возило. Итно е прфрлен во болница каде е опериран по тешките повреди на двете нозе.

Калифорниската полиција на прес-конференција информираше за несреќата, истакнувајќи дека е чудо како Вудс останал жив, а го спасила единствено внатрешноста на возилото.

„Несреќата се случила на стрмен дел каде луѓето често поради големата брзина губат контрола над возилото. Веруваме дека брзината била главна причина за несреќата. Немаше никакви други назнаки дека возачот е под дејство на било што. Нема никакви траги на проклизнување или кочење, а времето беше добро. Искрено, не знаеме како Вудс останал жив, но може да кажеме дека имал многу среќа. Сигурно му помогнале појасот со кој бил врзан и бројните воздушни перничиња кои се отвориле при несреќата“ – истакна Алекс Виланова од канцеларијата на шерифот на Лос Анѓелес.

Се вчитува...