Полскиот ракометар Марек Марцинијак, ќе го напушти Вардар по завршување на сезоната, јавуваат полските медиуми.
Репрезентативецот на својата земја по завршувањето на авантурата во „црвено-црните“, ќе се врати во Полска. Во игра се два клуба, и тоа Калиш и Сласк Вроцлав.
30-годишното десно крило во минатото беше дел од Заглебје Лубин, Вибрзеже Граск и Зуково. За Полска одигра 13 меча и постигна 24 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

