Полјаците доаѓаат без првиот голман во Скопје?

Полска би можела да биде значително ослабена на гостувањето во Скопје против Македонија откако беше обелоденето дека Војчех Шчешни ќе мора да замине на операција за да ги надмине проблемите со коленото. Тој нема да брани за Јувентус на денешниот натпревар од последното коло од „Серија А“ против Сампдорија.

„Шчешни има проблем со коленото што ќе мора да го реши. Наскоро ќе мора да му биде извршена артроскопија“ – соопшти Масимилијано Алегри на вчерашната прес-конференција.

Останува да се види колку е сериозен проблемот и дали Шчешни ќе може да ја одложи операцијата за по завршувањето на јунскиот квалификациски циклус. Доколку тој не биде способен за настап, местото на голот на полскиот национален тим ќе му припадне на Фабијански од екипата на Вест Хем.

Се вчитува...