Полјаците му го сменија името на новиот репрезентативец – како Кеш стана Готовка

Фудбалерот на Астон Вила Метју Кеш доби полско државјанство и веќе следниот месец ќе може да го има своето деби за Полска во квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар.

Интересна е ситуацијата со добивањето на пасошот, бидејќи властите во Полска му ги промениле името и презимето и во новиот пасош го добил името Матеуш Готовка.

 

 

 

Се вчитува...