Полската ракометна репрезентација ќе добие нов селектор откако раководството на федерацијата реши да му врачи отказ на досегашниот кормилар Марсин Лијевски.
Легендарниот ракометар не се снајде најдобро во селекторската функција, не само што не ги донесе посакуваните резултати, туку и влезе во конфликт со дел од клучните играчи во националниот тим. Токму поради недоразабирањето со селекторот пивотот Сипжак ја напушти репрезентацијата за време на СП 2025, а дополнителната „истрага“ на федерацијата забележа и други недостатоци во работата на Лијевски.
Токму поради тоа, денеска беше објавено дека Лијевски повеќе не е селектор, а во мартовските квалификации против Португалија репрезентацијата ќе ја води досегашниот асистент во стурчниот штаб, Михал Скорски, по што до крајот на следниот месец ќе биде објавено и пермантното решение за оваа функција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

