Утре во Битола ќе биде вистински празник. Покрај тоа што за првпат ќе се игра меч во вечерен термин, и тоа против Вардар, стадионот ќе биде полн, со оглед дека сите билети за натпреварот се веќе распродадени.
Ова го објави Фудбалскиот клуб Пелистер, кој е домаќин на овој меч.
„Ве известуваме дека сите билети за утрешното вечно дерби се распродадени! Благодарност до цела Битола, покажавте како се сака спортот и како се сака Пелистер“, стои во објавата на ФК Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА