Прекрасен амбиент на најголемиот македонски стадион вечерва на прославата на роденденот „75 години – ФК Вардар“.
Најтрофејниот македонски клуб од 19:30 часот со пријателски натпревар против сараевски Железничар го одбележува својот 75-ти роденден, а дополнет и со прославата за 35-от роденден на најверните негови навивачи – „Комитите“.
Полната Јужна трибина а дополнети со „Комитите“ кои „грмат“ на својот „Запад“ и дефинитивно потсетуваат на славната 1987 година кога ФК Вардар стигна до шампионскиот трофеј во поранешна СФРЈ, а некогашниот Градски стадион беше најпосетуваниот спортски дом на скопјани.
Со огномет и песна, но и поздрав од челниците на пријателскиот клуб Железничар беше почната прославата на јубилејот на црвено-црните кој продолжува во моментов со тест-дуелот на двата братски тима.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА