ЕКИПА во Клуж,
Билјана Б. Петрушева
Македонската ракометна репрезентација пристигна во Клуж каде утре ja очекува реванш натпреварот против Романија од баражот за пласман на Светското првенство 2019 во Германија и во Данска.
Нескриено позитивно расположение владее во таборот на Раул Гонзалез. Едногласно е размислувањето дека мора да се обезбеди патот на Мундијалот, посебно по оние убедливи осум гола разлика од првата средба во Скопје (32-24).
Во Клуж, покрај оние 16 кои играа на првата средба во Скопје, отпатува и голманот Златко Даскалоски кој ќе биде во конкуренција за место во тимот.
Според програмата на стручниот штаб вечерва е единствениот тренинг во салата „Демијан“ пред утрешниот натпревар кој е закажан од 17:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА