Полни трибини и ноќ за паметење на Флорида – Усман го нокаутираше Масвидала, страшна повреда на Видман (ВИДЕО)

Пред полни трибини во Џексонвил, Флорида се одржа веројатно еден од најдобрите УФЦ настани во историјата. Усман го нокаутираше Масвидала на почетокот на втората рунда, со што стигна до 14 победа во УФС и втора над истиот противник за само десет месеци.

Американката Рози Намахунас го освои појасот во најлесната категорија кај дамите по одличниот „хај-кик“ со кој ја нокаутираше Кинеската, Жанг Вејли.

Вечерта ја одбележа и тешката повреда на Крис Вајдман во борбата против Ури Хала во средна категорија, откако по првиот удар во мечот му пукна потколеницата.

 

Се вчитува...