Полни трибини на „Олд Трафорд“ ја чекаат македонската репрезентација за мечот во понеделник. Англиската федерација соопшти дека нема повеќе билети за мечот, и сите места се распродадени.
Стадионот во Манчестер е со капацитет од 74.310 места и се очекува толку гледачи да има на мечот во понеделник од 20:45 часот. Се очекуваат и стотина македонски фанови, главно иселеници во Англија да присуствуваат на дуелот.
Англија во моментов е првопласирана во групата со три победи од три меча, и во понеделник може да направи голем исчекор кон првото место во групата. Македонија со три бода во моментов го дели второто место со Италија и Украина, додека Малта е без бодови.
A sell-out crowd at Old Trafford awaits the #ThreeLions on Monday.
Thank you for your support! 👏 pic.twitter.com/2LtVjs7M4g
— England (@England) June 17, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА