Полнoќна „бомба“ на „Максимир“: Најголемиот трансфер во историјата на Хрватска!

Вистинска трансфер бомба oд Максимир доцна синоќа. 27-годишниот фудбалер на Милан, Исмаел Бенасер ќе биде нов член на Динамо Загреб.

Оваа вест ја потврди експертот за трансфери, Фабрицио Романо, кој тврди дека договорот е веќе постигнат.

„Динамо Загреб е во финални преговори со Исмаел Бенасер од Милан. Алжирецот треба да се приклучи на хрватскиот тим. Тој веќе треба да биде во Хрватска денеска“, објави Романо.

Бенасер е дел од Милан шест години и неговото доаѓање на Максимир дефинитивно е огромно изненадување. Претходните шест месеци ги мина на позајмица во Марсеј. Играше 12 пати, а гигантот од Велодром не го откупи неговиот договор.

Бидејќи Макс Алегри не сметаше на неговите услуги оваа сезона, беше одлучено Алжирецот да биде продаден. Беше поврзуван со турскиот Трабзонспор, но тој одби да оди во Турција. Динамо се појави ненадејно. Бенасер ја прифати поканата на Звонимир Бобан и е подготвен да дојде во Загреб.

Во текот на претходните шест години, Бенасер одигра 178 натпревари за „росонерите“ и постигна осум гола и имаше 12 асистенции.

Во текот на својата кариера, овој одличен играч од средниот ред играше и за Емполи, Арсенал и Тур.

Се вчитува...