Полноќна вест од Мадрид: Гризман по дербито веднаш одлета на потпис со нов клуб!

Антоан Гризман го напушта Атлетико Мадрид и се сели во американскиот Орландо. Трансферот е договорен и тој синоќа веќе одлетал за САД на потпис на договорот со новиот клуб.

После тоа, се враќа во Шпанија за да му помогне на Атлетико да се обиде да го освои Кралскиот Куп и Лигата на шампионите до крајот на сезоната. Оваа вест синоќа ја објави „Марка“.

За најголемите шпански спортски медиуми, оваа вест среде ноќ го стави и лудото мадридско дерби во втор план.

Интересно е што Гризман играше против Реал во почетниот состав, а кратко по дербито беше објавено дека заминува. Гризман е легенда на Атлетико. Одигра 487 натпревари за клубот. Тој е најдобриот стрелец во историјата на Атлетико со 211 голови, а додаде и 97 асистенции. Го водеше тимот до освојување на Кралскиот Куп и Лигата на Европа.

Ова е втора етапа за Гризман во Атлетико. Тој првпат се приклучи на клубот во јуни 2014 година од Реал Сосиедад за 54 милиони евра. Пет години подоцна, тој беше продаден на Барселона за 120 милиони евра, но по две години се врати прво на позајмица, а потоа во 2023 година и трајно. Атлетико потоа го купи за 22 милиони евра.

Се вчитува...