Полонара доби уште една ‘невозможна’ битка: Повторно го победи ракот (ФОТО)

Италијанскиот кошаркар, Акиле Полонара еднаш го победи ракот, а сега доби уште една битка!

По трансплантација на коскена срцевина и десет дена минати во кома, речиси без надеж за закрепнување, тој го направи невозможното. И покрај сите негативни прогнози, тој се врати на најдобар можен начин, повторно на нозе и назад со своето семејство.

„Трансплантацијата на коскената срцевина беше со донатор, Американка која се покажа максимално компатибилна. По трансплантацијата, 34-годишниот Полонара мина циклус хемотерапија и сега веќе се чувствува далеку подобро“, пренесуваат италијанските медиуми.

Се вчитува...