Полонара има нов клуб – ниту Црвена Звезда, ниту Виртус Болоња

Ахиле Полонара попладнево и официјално го раскина договорот со Анадолу Ефес, откако италијанскиот репрезентативец не успеа да се снајде во таборот на двократниот европски шампион. Крилниот кошаркар пристигна како големо засилување од градскиот ривал Фенербахче, но не се наметна кај тренерот Атаман, голем дел од времето мина греејќи ја клупата, за на крајот да си замине од турскиот шампионат.

Тој во изминатиот период беше поврзуван со Црвена Звезда и со Виртус Болоња, но на крајот Полонара заврши во сосема трет клуб. Литванскиот гигант Жалгирис беше екипата што испрати најконкретна понуда до Италијанецот, кој денеска потпиша договор до крајот на сезонава, со можност за продолжување на соработката а уште една година.

Полонара е второто засилување на Жалгирис во последните 24 часа, откако литванскиот првак претходно потпиша договор и со американскиот плејмејкер Ајзеа Тејлор, кој беше доведен по тешката повреда на најдобриот кошаркар на Жалгирис, Кинан Еванс.

Се вчитува...