Полонара по десетте дена во кома: Ми рекоа дека 90% се шансите да не се разбудам

Акиле Полонара е денешниот спортски херој откако италијанскиот кошаркар успеа да се разбуди од кома по тешката операција за трансплантација на коскена срж.

Неговите најблиски утрово ја споделија прекрасната врз поврзана со овој евролигашки ас, за попладнево самиот Полонара преку профилот на социјалните мрежи да потврди дека неговата состојба се подобрува. Шокантно, тој во објавата обелодени дека лекарите му давале само 10% шанси да преживее во најважната битка.

„Жалам што не можев веднаш да одговорам на сите ваши желби… Ми беше речено дека шансите да не се разбудам се 90%. Не се сеќавам на многу работи, беше како да спијам. Сепак, фактот дека ми дадоа 10% шанси да преживеам значеше дека постои надеж. И јас цело време ја чувствував таа надеж во себе“, објави Полонара.

Се вчитува...