Пријателскиот натпревар меѓу Гостивар и Тетекс заврши без победник, 1-1.
Гостивар поведе во 25. минута, а стрелец на единствениот гол за Тетекс беше Ринор Ајдини во 55. минута. „Штофарите“ пред дуелот донесоа уште едно засилување за пролетниот дел од сезоната, 25-годишниот напаѓал Хусеин Демири од косовски Призрен.
Демири доаѓа во Тетекс до крајот на сезоната. Во кариерата покрај за Призрен, има настапи и за Дуќагини и Феризај во Косово, како и за Шкупи, Македонија ЃП, Работнички и Велазерими во македонскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА