Македонија немаше среќа на денешната ждрепка во Виена откако нашите ракометари добија незгодни ривали во групата А, селекциите на Данска, Словенија и на Црна Гора.
Избраниците на Кире Лазаров ја шокираа Данска во овие квалификации, но јасно е дека актуелниот светски првак тоа ќе го искористи за уште поголема мотивација пред дуелот со Македонија во Дебрецин.
Словенците се ривали што ги изненадивме на ЕП во Хрватска, но кои најавуваат атак на медал на овој шампионат. Црна Гора е една од најквалитетните селекции што можевме да ги добиеме од последниот шешир, така што е повеќе од јасно дека „црвено-жолтите“ ќе ги очекува исклучително тешка задача за да се обезбеди пласман во следната рунда.
ГРУПА А (Дебрецин): Словенија, Данска, МАКЕДОНИЈА, Црна Гора.
ГРУПА Б (Будимпешта): Португалија, Унгарија, Исланд, Холандија.
ГРУПА Ц (Сегедин): Хрватска, Србија, Франција, Украина.
ГРУПА Д (Братислава): Германија, Австрија, Белорусија, Полска.
ГРУПА Е (Братислава): Шпанија, Шведска, Чешка, БиХ.
ГРУПА Ф (Кошице): Норвешка, Русија, Словачка, Литванија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА