Македонските интернационалци Филип Кузмановски и Филип Миркуловски имаа половичен учинок на денешните натпревари во германската Бундеслига.
Хановер и Филип Кузмановски стигнаа до лесен триумф на гостувањето кај Кобург 2000 со 26-33. Репрезентативниот бек натпреварот го заврши со само еден гол.
Вецлар и Филип Миркуловски загубија на домашен терен од Лемго со 21-27. Филип Миркуловски не постигна погодок на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА