Македонските интернационалци во германската Бундеслига имаа половичен успех во 26. коло. Жарко Пешевски и неговиот Штутгарт се радуваа на победа од 34-29 против Ерланген за важни бодови во обидот да се избегне дното на табелата, додека Филип Кузмановски и Хановер загубија на гостувањето кај лидерот на табелата Магдебург со 30-22.
Репрезентативниот пикер мечот го заврши со три гола од три обиди, додека левиот бек постигна два гола од три обиди кон противничкиот гол.
И покрај победата Штутгарт останува на 15. место на табелата со скор од шест победи, две реми средби и 17 порази, веднаш зад Хановер кој е на 14. место на табелата со учинок од осум победи и 15 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА