Половина час за Барди во поразот од „фенерџијата“ Умранијеспор (ВИДЕО)

Енис Барди и неговиот Трабзонспор доживеаја нов пораз откако денеска на домашен терен загубија со 1-2 од „фенерџијата“ Умранијеспор во натпревар од 24. коло во Фудбалската лига на Турција.

Откако по првото полувреме мируваа мрежите гостите до водство од 0-1 стигнаа со голот на Секидика во 51. минута. Четиринаесет минути подоцна веќе беше и 0-2 со погодокот на Најир. Домаќините успеаја да го ублажат поразот со голот на Јазици во 83. минута. До крајот за издвојување е црвениот картон на домашниот фудбалер Унувар во 98. минута.

Енис Барди во игра влезе во 61. минута и ги одигра последните половина час.

Се вчитува...