Актуелниот италијански шампион Наполи одигра без голови 0-0 на домашен терен против Парма во заостанатиот натпревар од програмата од 16. коло од новата сезона во Серија А.
Иако домаќините беа подобар противник на теренот, а во 11. минута ВАР им поништи и гол поради офсајд на Мектоминеј, не успеаја да го искористат тоа и на крајот мораа да се задоволат само со бод.
Македонскиот интернационалец Елиф Елмас овој меч го почна од клупата за резерви, а во игра влезе во 58 минута и ги одигра последните половина час.
VAR offside check for disallowed McTominay goal (Napoli vs Parma)
byu/areking insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

