Фудбалерите на Реал Мадрид ја осигураа првата позиција во групата Ц во Лигата на шампионите откако вечерва како дел од 5. коло на домашен терен во еден крајно интересен натпревар славеа над Наполи со 4-2.
Џовани Симеоне во 9. минута донесе водство од 0-1 за гостите, а само минута подоцна Родриго израмни на 1-1. До крајот на првиот дел погодок за домаќините постигна и Џуд Белингем во 22. минута за 2-1.
На 2-2 израмни Замбо-Ангиса во 47. минута, додека ново водство за домаќините (3-2) донесе младиот Паз во 84. минута. Конечните 4-2 беа дело на Хоселу во 94. минута. И покрај тоа што го реши мечот против Аталанта, Елиф Елмас стартуваше од клупата за резерви на овој меч, а шанса доби дури во 65. минута.
Real Madrid [3] – 2 Napoli – Nicolas Paz Martinez 84’
byu/MarcoRuss insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА