Полска доби нов селектор

Михал Пробиеж е замената за Фернандо Сантош на селекторската клупа на Полска, соопштија од фудбалската федерација на оваа земја.

Полска се раздели со легендарниот португалски тренер минатата недела по поразот од Албанија од 2-0, кој го оддалечи полскиот национален тим од пласман на ЕП 2024 година.

„Микал Пробиеж е назначен за селектор на полскиот национален тим. Тоа е најдобриот избор. Му посакуваме успех во новата улога“, рече претседателот на полската федерација, Цезар Кулеша.

Пробиеж беше селектор на младата селекција на Полска, ќе дебитира за сениорскиот тим против Фарски Острови на гости во октомври, а потоа играат дома со Молдавија.

Се вчитува...