Полска добива НБА помош за олимписките квалификации

Голема е веројатноста дека крилниот центар на Сан Антонио Спарс, Џереми Сошан ќе настапи за Полска во квалификациите за Олимписките игри кои оваа година ќе се одржат во главниот град на Франција.

Оваа информација ја потврди директорот на полската федерација, поранешниот плејмејкер Лукаш Кошарек.

„И покрај тоа што се уште нема конечна одлука, верувам дека сме многу блиску до договор. Се зависи од него. Во разговор со Сан Антонио рековме дека сме потполно подготвени да ги исполниме сите услови за кои не би говорел во ова време. Најважно е здравјето на Џереми“, изјави Кошарек.

Сошан во 2021 година дебитираше за Полска па така нема компликации за тој одново да го облече дресот на оваа европска држава.

Полска во квлаификациите за Олимписките игри ќе се сретне со Финска и Бахами во првата група во Валенсија, а доколку ја мине истата во следната Полјаците ќе ги очекува средба со некоја од репрезентациите на Шпанија, Либан и Ангола.

Се вчитува...