Полска го доби мечот „да се биде или не“ против Саудиска Арабија за пласман во следната фаза

Ракометарите на Полска се пласираа во следната фаза од Светското првенство 2023 откако славеа во натпреварот „да се биде или не“ против Саудиска Арабија со 27-24 забележувајќи ја првата победа на турнирот на кој се домаќини.

Во исклучително неизвесниот натпревар проследен со игра „гол за гол“ во првото полувреме, Полјаците успеаја негативата од 9-11 во првото полувреме да ја претворат во предност од 13-12 по 30. минути игра, а добриот моментум го префрлија и во второто полувреме. Полска во еден момент имаше и предност од пет гола (21-16), а немаше поголеми проблеми да ја задржи предноста до самиот крај.

Покрај Полска од групата „Б“ во следната фаза се пласираа Франција и Словенија.

Се вчитува...