Полска го совлада Велс на стартот на новата Лига на нации (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Полска го совлада Велс со 2-1 во воведниот натпревар од новата сезона во Лигата на нации на УЕФА. Во првото полувреме мируваа мрежите на двете страни, а вториот дел ни донесе вистински возбудувања.

Прво гостите успеаја да поведат со 0-1 со голот на Вилијамс во 52. минута. На 1-1 ги израмни Камински во 72. минута, додека конечните 2-1 ги постави Свидерски во 85. минута. Покрај Велс и Полска во групата 4 од Лигата А се наоѓаат уште и фаворитите Белгија и Холандија.

Полска ќе продолжи со настапите во Лигата на нации, додека Велс вечерва од мечот Шкотска – Украина ќе го добие противникот во финалето од баражот за Светското првенство кое на крајот на година ќе се игра во Катар.

Голот на Велс можете да го погледнете на следниот линк. 

Првиот гол на Полска можете да го погледнете на следниот линк.

Вториот гол на Полска можете да го погледнете на следниот линк.

 

 

Се вчитува...