Полска и Левандовски одлучија: Одбивме да го играме баражот против Русија!

Од Фудбалската федерација на Полска и официјално објавија дека не сакаат да го одиграат натпреварот од плеј-офот за пласман на Светското првенство против Русија.

Ждребката одлучи Полјаците да гостуваат во Москва на 24 март. Меѓутоа моменталната ситуација во Украина ги тера челниците на федерацијата да донесат одлука дека нема да играат против Русија.

„Доста зборови, време е за акција. Поради ескалацијата и насилството на Русија врз Украина, репрезентацијата на Полска нема да игра против Русија. Тоа е единствената правилна одлука“, изјави Цезар Кулеза, првиот човек на полската федерација.

Ваквата негова објава ја поддржа и Роберт Левандовски, кој исто така преку Твитер упати јасна порака.

„Ова е вистинската одлука. Не можам да замислам да играм против Русите, додека Украина е под напад. Руските фудбалери и навивачи не се одговорни за ова што се случува, ама не смее да се правиме дека ништо не се случува“, рече Левандовски.

 

 

 

Се вчитува...