Полска ја демолираше Италија за титула во Лигата на Нации

Репрезентацијата на Полска е апсолутен победник во Лигата на Нации откако оваа селекција во голем стил триумфираше во големото финале над Италија што беше одиграно во Кина, со максимални 3-0 во сетови. Избраниците на селекторот Грбиќ одиграа најдобро кога беше најважно, не давајќи им на „аѕурите“ ниту ронка надеж дека можат да стигнат до златото.

Италија најголем отпор даде во првиот сет во кој освои 22 поени, Полска славеше со 25-19 во вториот сет, за во третиот целосно да издоминира и да го добие со преубедливи 25-14.

Бронзениот медал им припадна на одбојкарите на Бразил, кои во малото финале славеа над Словенија со 3-1 во сетови. Словенците први поведоа, но „кариоките“ имаа одговор, ги добија следните три сета со 25-30, 25–23 и 25-19 за конечен триумф.

Се вчитува...