Полска ја „отпиша“ Албанија од второто место (ВИДЕО)

Во директен дуел за второто место во групата „И“ во квалификациите за пласман на Мундијалот, Полска ја освлада Албанија во Тирана со 0:1, и се чини го обезбеди второто место во групата.

Голот на одлука го постигка Свидерски во 78. минута од средбата. Мечот беше во прекин откако навивачи ги гаѓаа полските играчи по постигнувањето на голот, па судијата Турпан ги собра играчите во соблекувалната.

Со оваа победа Полска се искачи на втората позиција. Иако бега два бода на Албанија, сепак, лош е распоредот за нашиот западен сосед, со оглед дека идното коло оди на Англија, а Полска игра со Андора и уште следното коло Полјаците може да го обезбедат баражот за пласман во Катар.

 

 

Се вчитува...