Репрезентацијата на Полска стигна до првата победа на Светското првенство во Катар откако славеше со 2-0 против Саудиска Арабија. Полјаците до предност стигнаа во првото полувреме, истата ја задржаа и на одморот благодарение на неверојатниот Шчешни кој одбрани пенал, а потоа и одбиена топка.
Саудиците блескаа во второто полувреме, во еден момент имаа и седум обиди кон противничкиот гол, а Полска ниту еден, но не успеаја да реализираат. Казната стигна во 82. минута кога најдобриот голгетер на полската репрезентација, Роберт Левандовски изнуди почетничка грешка на противничката одбрана, а истата ја искористи постигнувајќи го првиот гол на Светските првенства.
ROBERT LEWANDOWSKI, YOU ROCK MY WORLD! 🇵🇱🇵🇱🇵🇱
— Sara 🦋 (@SaraFCBi) November 26, 2022
Со денешната победа Полска е на добар пат да осигура место во осминафиналето со оглед на тоа што стигна до четвртиот бод. Саудиска Арабија останува во игра за едно од првите две места, но сега нема да одлучува сама туку пред се ќе го чека резултатот од мечот помеѓу Аргентина и Мексико, а потоа ќе и треба и победа на дуелот против Мексиканците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА