Репрезентацијата на Полска без поголеми проблеми стигна и до четвртиот триумф во групата во Скопје, откако вечерва со максимални 3-0, по сетови 25-23, 25-9 и 25-20 славеше над аутсајдерот во нашиот сегмент, репрезентацијата на Данска.
Данците изненадувачки одлично го стартуваа мечот. Ги фатија подзаспаните Полјаци неподготвени, па стигнаа до високи плус пет 12-17. Сепак, Никола Грбиќ после тајмаутот успеа да ги разбуди своите играчи кои со фуриозна завршница го освоија првиот сет со 25-23.
Во вториот сет на теренот во СЦ „Борис Трајковски“ имаше само еден противник. Полска набрзина ја заврши работата со 25-9 и поведе со 2-0.
Во последниот сет Полјаците само ја довршија работата во третиот сет добивајќи го со 25-20 за конечни 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА